Три лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди североистокот на Јапонија рано утрово.
Според агенциите, не е издадено предупредување за цунами, ниту пак е пријавена голема материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан крај брегот на префектурата Иват на длабочина од 56 километри, а се почуствувал и во префектурата Аомори.
Јапонската енергетска компанија соопшти дека нема оштетувања на нуклеарните капацитети во таа област.