Кривична пријава против синот на Муса Џафери за нападот врз Беслимовски

пред 3 години

По нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимоски, кој се случи доцна синоќа на тераса од угостителски објект во Дебар Маало, поднесена е кривична пријава против напаѓачот Аријанит Џафери, инаку син на поранешниот министер и вицепремиер, Муса Џафери.

Беслимоски (45) во полиција пријавил дека бил физички нападнат од 28-годишниот Џафери.

Од МВР информираат дека против напаѓачот ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Веднаш по пријавувањето на настанот, извршени биле разговори со сведоци на настанот, обезбедена била и видео снимка од инцидентот, а бил извршен и разговор со пријавениот Џафри, кој во целост го признал делото.

Според неофицијални информации, пред нападот врз Беслимоски претходела расправија поради незадоволството на Џафери што Регулаторна комисија започнала постапка за одземање лиценца на неговата фирма.

Беслимоски, според информации на „Макфакс“, бил удиран по глава и во пределот на телото, а по нападот, Џафери заминал од местото.