Маж изгоре во пожар во Пробиштип

пред 4 години

Жител на Пробиштип починал во пожар кој избувнал во атарот на с.Кундино, пробиштипско, на место викано „Бела Вода“. Пожарот зафатил нискостеблеста шума и сува трева.

„ Во 15.00 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип. Околу 22.50 часот на наведеното место, во својата бавча бил пронајден починат Д.Ѓ.(82) од Пробиштип со видливи изгореници на телото“ соопшти МВР.

Увид извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.

Share
Scroll to Top