Облачно време со слаб дожд во делови од државата

пред 2 години

Времето прeтпладне ќе биде облачно, на југоистокот на места со слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје претпладне облачно, попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени, јави УХМР.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време, во среда со слаб локален дожд. Кон крајот на работната седмица дневната температура ќе биде во позначителен пораст.

Share
Scroll to Top