(Видео) Приведен 19-годишник кој со лажен пиштол се шеташе низ „Бисер“

пред 3 години

Приведено е лицето кое утрово со пластичен пиштол се шеташе низ Трговскиот Центар „Бисер“ во населбата Аеродром во Скопје.

Од полицијата информираа дека станува збор за 19-годишник со здравствени пробелми.

„Денеска, околу 09.20 часот полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени“, информираат од МВР.