Еко-активисти засадија 60 „дрва на пријателството“ во Општина Аерoдором

пред 3 години

Македонската компанија Treebanks, еко-активистите Скопје Смог Аларм и платформата AirCare (Мој Воздух), во соработка со Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ), засадија 60 дрвца од видот платан во Општина Аеродром, во паркот на Булевар Србија наспроти Полициската станица Аеродром.

Акцијата беше спроведена во рамките на регионалната иницијатива „Дрво на пријателството“ преку истовремено садење на вкупно 400 дрва во шест регионални главни градови: Скопје, Белград, Тирана, Приштина, Подгорица и Сараево. Преку 10 партнерски организации од регионот се вклучија во акцијата.

„ Се надеваме дека оваа акција ќе продолжи и ќе стане пракса и во иднина. Овој проект го работевме со многу љубов зошто е еден од ретките кои истовремено сплотуваат повеќе држави и националности кои имаат едно нешто заедничко – а тоа е за жал, загадениот воздух“ изјавуваат коорганизаторите на настанот.

Share
Scroll to Top