Полицијата уапсила 25-годишен скопјанец кој вчера со спреј оштетил повеќе објекти во Драчево.
Полицијата го затекнала како вандализирал дел од објектите и на нив испишувал број “7”. Ова се случувало околу еден час по полноќ.
„Околу 01.30 часот на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(25) од Скопје затоа што бил затекнат како на трафостаница лепи плакати од политичка партија и со спреј пишува на штаб на политичка партија. Тој бил приведен во полициска станица и му бил одземен спрејот”, велат од МВР.
Полицијата против него ќе поведе постапка.