Шилегов со ветување за следниот мандат: 4 милиони евра за инвертер клими и субвенции за 30.000 велосипеди

пред 3 години

Во следниот мандат издвојуваме еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години. Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, потенцираше актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов.

Тој истакна дека во изминатите четири годни градот се грижел за животната средина и нејзиното унапредување како никогаш порано.

„Оваа стратегија даде резултат, денес живееме во град со почист воздух, со повеќе алтернативен превоз како велосипеди, а граѓаните ги заменија нееколошките печки со еколошко греење“, нагласи Шилегов.

Потсети и дека за четири години доделени биле 15.000 субвенции за велосипеди и 700 електрични тротинети.

„Во следниот мандат, оваа бројка ја зголемуваме за двојно и предвидуваме субвенции за 30.000 велосипеди“, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.

Share
Scroll to Top