Контролирани 18 пазари, на Бит Пазар пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехника

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Скопје, е спроведeна акцискa контрола, со цел спречување на трговија и употреба на пиротехнички средства.

Од страна на Единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат извршени се 10 контроли на пазари, додека самостојно се контролирани осум пазари.

Воедно, извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет раскрсници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит Пазар. Од преземените дополнителни мерки и активности на наведените локации, констатирани се вкупно 62 прекршока од Законот за заштита на населението од заразни болести.

Share
Scroll to Top