Либан ќе остане без електрична енергија неколку дена, на Њу Делхи му се заканува недостиг

пред 3 години

Либан нема систем за централно производство на електрична енергија, изјави денеска владин претставник, откако беа затворени двете најголеми електрани.

„Либанската дистрибутивна електрична мрежа целосно престана да работи денес на пладне, и малку е веројатно дека ќе работи до следниот понеделник, или во следните неколку дена“, додаде официјалниот претставник.

Државната електрична дистрибутивна мрежа објави дека термоцентралата „Захрани“ престанала да работи, додека електраната „Деир Амар“ престанала да работи во петокот.

Затворањето на двете електрани директно влијаеше на стабилноста на електричната мрежа и доведе до целосен прекин на електричната енергија, без можност во меѓувреме да се продолжи со работа, се додава во соопштението.

Државната компанија за дистрибуција на електрична енергија ќе се обиде да ги искористи воените резерви на нафта со цел привремено да ги овозможи електраните, но тоа нема да се случи наскоро, нагласи неименуваниот функционер.

Многу Либанци главно се потпираат на домашни генератори на дизел погон, но има недостаток на овој дериват во таа земја.

Премиерот на Њу Делхи, Арвинд Кејривал, предупреди на претстојната криза со електрична енергија во главниот град на Индија поради недостаток на јаглен.

Тој рече дека ја повикал владата да додели повеќе јаглен и гас за електраните што ја снабдуваат територијата на Њу Делхи, бидејќи многу електрани имаа снабдување само еден ден во текот на неделата, објавија светските агенции.

Share
Scroll to Top