Британија забрани извоз на луксузни стоки во Русија и воведува нови увозни давачки

пред 2 години

Велика Британија објави дека ќе го забрани извозот на луксузни стоки во Русија и ќе воведе нова царина од 35 отсто за руски увоз во вредност од 900 милиони фунти, вклучувајќи вотка, метали, ѓубрива и други стоки.

Овој потег уследи по серијата економски санкции што ги објави британската влада за да го казни рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина. Понатамошни санкции против богатите Руси треба да бидат објавени подоцна.

„Нашите нови царини дополнително ќе ја изолираат руската економија од глобалната трговија, обезбедувајќи (Русија) да нема корист од меѓународниот систем заснован на правила што таа не ги почитува“, рече министерот за финансии Риши Сунак.

Share
Scroll to Top