Бег бен повторно звони – часовникот во Лондон последен пат заѕвони во 2017 година

пред 2 години

Познатата лондонска кула со часовникот Биг Бен повторно почна да се најавува на последниот ден од 2021 година

Кулата гледа кон реката Темза, а последен пат заѕвони во 2017 година. Името се користи за целата кула, но всушност се однесува на најголемото ѕвоно во неа.

За Нова година заѕвони напладне, а ќе повторува во 16, 21, 22 и 23 часот и на полноќ. Среќните минувачи можеа да го слушнат неговото ѕвонче за време на пробите на 29 и 30 декември.

Пред да одлучат да го поправат, Биг Бен последен пат заѕвони на 21 август 2017 година. Оттогаш трае неговото чистење, кое вклучуваше расклопување на речиси илјада делови, пренесува CNN.

Поправката на часовникот чинела нешто повеќе од 9 милиони евра.

Share
Scroll to Top