Дел од сценографијата во театарот Бољшој падна врз актер по што тој почина, пренесуваат руските агенции, повикувајќи се на извори на руската служба за итни случаи.
Во инцидентот почина актерот Јевгениј Кулеш (38).
„Декорацијата на сцената падна за време на операта и го уби актерот. Се обидоа да го реанимираат, но безуспешно “, изјавил извор за агенциите.
По несреќата операта во театарот била прекината.
Театарот Бољшој го потврди инцидентот и изјавија дека истрагата е во тек со цел да се утврдат околностите за трагичниот настан.