Британскиот боксер Тајсон Фјури (33) ја одбрани светската титула во тешка категорија откако го нокаутира Американецот Дионтеј Вајлдер (35) во 11-тата рунда во спектакуларна борба за WBC појасот, во T-Mobile арената во Лас Вегас.
Вајлдер не се појави на конференцијата за медиуми по поразот. Од неговиот тим потврдија дека тој завршил во болница, но, не кажаа детали. Тој прими тешки удари во десетте рунди, а на крајот почна да му крвари левото уво.
Во 11-тата рунда сѐ беше готово. Фјури го погоди Вајлдер и судијата мораше да го прекине натпреварот. И покрај сите удари, Вајлдер беше тој кој водеше во поголемиот дел од борбата.
FURY DROPS WILDER! #FuryWilder3 pic.twitter.com/B4F2spMGGV
— CAGESIDE (@cageside_) October 10, 2021
Двајцата боксери влегоа во овој дуел со најголеми тежини во кариерата. Фјури на официјалното мерење тежеше дури 126 килограми, а Вајлдер 108 килограми.
Damn! Wilder knocks down fury twice #FuryWilder3 #FuryVsWilder3 #boxing #Trending Holy Shit! pic.twitter.com/Qv28TPQySu
— __thatboy23 (@__thatboy23) October 10, 2021
Фјури сега има 31 победа (22 со нокаут) и реми против Вајлдер во кариерата, додека Американецот покрај тоа реми го претрпе и вториот пораз од Фјури, а оствари и 42 победи (41 со нокаут).
Fury wins! #FuryVsWikderIII #boxing #lasvegas #TysonFury #TheGypsyKing #Round11 @Tyson_Fury @MikeTyson pic.twitter.com/qJItmyFWYT
— Review Nation (@reviewnation) October 10, 2021
За потсетување ова беше нивна трета борба која првично беше планирана во јули оваа година, но Фјури мораше да ја откаже борбата поради коронавирусот.