Бруно Ивановски од Куманово е втор во светот на литературен конкурс за пишување писма

Бруно Ивановски од Куманово е втор во светот на литературен конкурс за пишување писма

пред 3 години

Основецот Бруно Ивановски од основното школо „Крсте Мисирков“ во Куманово, го освои второто место на 50-от меѓународен литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз на тема „Напиши писмо дочлен од твоето семејство со искуството со Ковид-19“.

Неговото писмо беше избрано за најубаво во државата и второ во светот.

Победник на овој конкурс за пишување писма е 14 годишната Нубајша Ислам од Силхет, Бангладеш. Таа го доби првото место за своето писмо до нејзината мала сестра за тешкотиите со кои се соочило нејзиното семејство за време на пандемијата Ковид-19.

Конкурс е започнат во 1971 година, а се одржува секоја година и ги охрабрува младите луѓе од целиот свет да пишуваат писма на одредена тема. Целта е да се подигне свеста за улогата на поштенските оператори во општеството, како и да промовира писменост помеѓу децата од светот преку уметноста на пишување писмо. Секоја година се пријавуваат повеќе од 1.2 милиони учесници на возраст помеѓу 9 и 15 години.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top