Флмот „Тома“ во режија на Драган Бјелогрлиќ од следната недела ќе се прикажува во македонските кино сали. Првите проекции во Скопје се закажани за 16-ти и 17-ти октомври во Синаплекс и во Млениум. На 18-ти октомври пак е првата проекција во 3Д Кино Битола.
„Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговите љубови што го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на тогашна Југославија. Ова е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. Ова е приказна за душата.