Бизарен тест за послугата на кралското семејство: Повеќето кандидати паѓаат поради мртва мува

Бизарен тест за послугата на кралското семејство: Повеќето кандидати паѓаат поради мртва мува

пред 3 години

Дури и ако не се работи за директно послужување на член на кралското семејство, кандидатите се должни да поминат ригорозни интервјуа, а тука е и „тестот со мртвата мува“. Трејси Вотерман, менаџер за човекови ресурси во британската палата открива како се врши селекција на кандидатите за да добијат работа како хигиеничари, а пренесува „Сан“.

– Еден од тестовите што сакам да ги спроведувам е тестот каде гледам дали кандидатот има потенцијал за забележување детали. Ставам мртва мува на каминот или на тепихот. Потоа ги воведувам кандидатите во собата и по разгледувањето, ги носам да му се восхитувам на каминот. Очекувам да ја видат мртвата мува, и се надевам дека ќе ја отстранат – вели Трејси.

Таа додава дека тоа е одличен тест и дека половина од кандидатите не го поминуваат.

– Еден од десет кандидати ќе се наведне и ќе ја собере. Разликата помеѓу хигиеничарка во хотел и во кралската палата е токму во вниманието на деталите – додава Вотерман.

И покрај овој бизарен тест, се чини дека стресот за време на интервјуто се исплати. Кога кралското домаќинство бараше персонал лани во октомври, на кандидатот кој ја добил работата му било дозволено да живее во палатата и да ужива во бесплатна храна и пијалоци, а покриени биле и сите патни трошоци.

Share
Scroll to Top