Пари Сен-Жермен успеаја да спречат втор незгоден пораз во низа во Лига 1, откако им беше потребен пенал за да стигнат до 2:1 победа над Анжер на „Паркот на принцовите“ без своите јужноамерикански ѕвезди Нејмар и Лионел Меси.
Анжер чекаше шанса да даде гол од контранапад и го направи тоа во 36. минута, кога Буфал го најде Анжело Фулжини кој го совлада Џиџио Донарума на голот. Домаќините имаа повеќе од топката и имаа повеќе шанси, но не најдоа пат до голот на Бернардони. Андер Ерера ја смести топката во мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.
Тие, конечно, успеаја да израмнат во 69. минута од мечот кога по корнерот на Килијан Мбапе, Данило со глава постигна убав гол, пред во 84. минута поради играње со рака во шестнаесетникот да биде доделен пенал, кој Мбапе сигуро го реализираше.
Овој резултат го остава ПСЖ на врвот во Лига 1 со 27 поени од 10 меча, Ленс се втори со 18 поени, а Анжер изненадувачки четврти со 16 поени.