Шпанците открија на кого Феликс му порачал да молчи

Шпанците открија на кого Феликс му порачал да молчи

пред 3 години

Атлетико Мадрид, синоќа, го победи Виљареал со 2.0 и ја згоелми предноста на врвот во Ла Лига. Стрелци за „јорганџиите“ беа Педраса, кој си постигна авто-гол и Жоао Феликс.

Голот на Португалецот во 69.минита, ги откажа домашните играчи дека ќе можат да го избегнат поразот. Феликс, на теренот влезе во второто полувреме, а по постигнатиот гол го крена показалецот на десната рака и на некого по покажа да молчни.

Впечатокот беше дека реакцијата беше упатена кон тренерот Диего Симеоне, меѓутоа шпанските медиуми открија дека тоа не е точно.

Феликс пораката ја упатил кон соиграчот Ренан Лоди. Бразиелцот, кој не играше против Виљареал, пред мечот во изјава за медумите му порачал на Феликс дека е време да започне да игра добро.

Жоза Феликс оваа сезона има учинок од седум гола и пет асистенции во шпанската Ла Лига.

Share
Scroll to Top