Матераци: Да одеше Жозе во Милан или Јуве ќе му се налутеа, вака не!

Матераци: Да одеше Жозе во Милан или Јуве ќе му се налутеа, вака не!

пред 3 години

Поранешниот фудбалер на Интер, Марко Матераци беше еден од најистакнатите поединци на „нероазурите“ под водство на Жозе Мурињо во сезоната 2009/10 кога тимот од „Џузепе Меаца“ ја освои тројната круна.

Нивната разделба пред 10 години беше со солзи, а подоцна Матераци со многу емоции зборуваше за својот тренер.

„Беше штит, пријател, брат и татко. Нашиот однос се засноваше на доверба и почитување и практично поради него ја завршив кариерата“ изјави порано дефанзивецот на „Азурите“.

Во врска со веста дека Мурињо од идната сезона ќе седи на клупата на Рома, Матераци смета дека тифозите на Интер нема да му замерат на Португалецот.

„Подобро што дојде во Рома, отколку во Јуве или Милан. Тоа ќе беше многу полошо за навивачите на Интер. Негово преземање на Јувентус многу повеќе би ме изненадило. Мислам дека за ова нема да му се налутат, па толку многу направи за Интер“ рече Матераци.

Share
Scroll to Top