Даниел Крег тера забава само во геј барови: Таму никогаш не сум се степал и има убави жени

Даниел Крег тера забава само во геј барови: Таму никогаш не сум се степал и има убави жени

пред 3 години

Славниот британски глумец Даниел Крег кој за последен пат ја одигра улогата на тајниот агент Џејмс Бонд, вели дека оди да се забавува само во геј барови. Глумецот вели дека таму никогаш се нема степано и дека девојките му биле убави.

Додека зборуваше за филмот, кариерата и приватниот живот, Крег приозна дека кога бил сингл, редовно ги посетувал овие места.

„Во таканаречените хетеро клубови често влегував во тепачки и си создавав проблеми. Ми стана напорно и тоа агресивно тепање со тупаници, алфа мажјаци и тензиите. Поради тоа почнав да одам во геј браови. Тоа беа добри места за излегување. Сите беа кул. Луѓето не  сваќаат дека таму на никого не му е гајле за вашата сексуалност. Запознав еден куп девојки кои се нервираа за исти работи како и јас“, рече глумецот.

За потсетување, новиот и последен филм на Даниел Крег во улогата на агентот 007, „За смрт нема време“, на 30 септември ја имаше светската премиера во Лондон. Крег вели дека имал помешани чуства, а не криеше дека на крајот на снимањето заплакал.

Share
Scroll to Top