Епскиот камбек на Милан комплетиран со еден од најсмешните автоголови во историјата

Епскиот камбек на Милан комплетиран со еден од најсмешните автоголови во историјата

пред 3 години

Милан успеа да го заддржи темпото со лидерот во Серија А, Наполи, откако имаше неверојатен камбек во второто полувреме за да се врати од 0:2 за 3:2 победа над Хелас Верона и покрај тоа што тимот им е „десеткуван“ со повреди и позитивни случаи на КОВИД-19.

Првото полувреме беше за заборав за „росонерите“ – Џанлука Капрари уште во 7. минута го донесе тимот на Игор Тудор во водство, за во 24. минута, Антонин Барак од пенал да зголеми на 0:2. На тоа се надоврза и повредата на Анте Ребиќ, кој мораше да биде заменет во 36. минута од мечот.

Сепак, „росонерите“ не се предадоа – во 59. минута, Оливие Жиру намали на 1:2, пред во 76. минута, Френк Кеси од пенал да израмни на 2:2. Тука беше и враќањето на 40-годишниот Златан Ибрахимовиќ во игра во 77. минута, за една минута подоцна, дефанзивецот на Верона, Корај Гунтер да си постигне многу смешен автогол за 3:2.

Со трите поени, Милан се искачи на првото место во Серија А со 22 поени, пред Наполи, кои утре ги пречекуваат Торино. Верона се на 12. место со 8 освоени поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top