Кошаркарот на Фортитудо Месина, Хајтем Жабур Фаталах (32), колабирал на теренот, а недолго потоа починал.
Веста ја објавија сите водечки италијански медиуми, со напомена дека тој колабирал в текот на натпреварот, паднал во несвест, поради што натпреварот бил прекина.
Починал веднаш откако бил примен во локалната болница.
Трагично починатиот кошаркар одиграл повеќе од 250 натпревари во Италија.
Фаталах е роден во 1989 година во Агриџенто, во југозападниот дел на Италија. Играч на Месина бил од сезоната 2016/2017.