„Фејсбук“ објави дека ќе создаде 10.000 висококвалификувани работни места во Европската унија во следните пет години за да помогне во изградбата на таканаречената метаверзум.
„ Компанијата работи со други за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства со користење технологии како виртуелна и зголемена реалност“, или метаверзум“. Метаверзумот има потенцијал да помогне да се отвори пристапот до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе го обликуваат од самиот почеток”, рече шефот за политика и јавни работи на „Фејсбук“, Ник Клег.
Клег, поранешниот британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „гласање за доверба во силата на европската технолошка индустрија“ и нагласи дека Европа е „исклучително важна за „Фејсбук““.
„ Освен технолошкиот талент што се појавува, ЕУ исто така има важна улога во формирањето на новите правила за Интернет. Европските креатори на политики го водат патот во вградувањето на европските вредности, како што се слободата на изразување, приватноста, транспарентноста и правата на поединците, во секојдневно работење на Интернет “, се вели во соопштението.