Прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои две деца

пред 3 години

Дваесет и деветгодишен прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои двајца малолетни. Едно лице се здобило со тешки повреди.

Според информациите на МВР, вчера во 22.06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„11 Октомври“ автомобил „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(29) од Прилеп удрил во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп.

Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Share
Scroll to Top