Кривична пријава за скопјанец за бесправна изградба на хотел во Струга

пред 3 години

Полицијата поднесе кривична пријава против едно лице од Скопје и фирма од Струга за бесправна изградба на хотелски комплекс.

Според информациите на МВР,  поднесена е кривична пријава против К.Б.(57) од Скопје и против правно лице од Струга, поради постоење основано сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“.

Во период од март до јуни 2019, К.Б. како одговорно лице и управител на правното лице, на локација во Струга, без соодветно одобрение, започнал градба на дел од хотелски комплекс.

Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на изградениот хотелскиот комплекс.

Share
Scroll to Top