(Видео) Таткото на Меган Маркл ја моли да си ги види внуците

(Видео) Таткото на Меган Маркл ја моли да си ги види внуците

пред 3 години

Томас Маркл, таткото на Меган, во интервју за емисијата „Добро утро Британија“ рече дека тој и неговата ќерка треба да разговараат и да се смират поради децата. Томас вели дека се уште не ги запознал своите внуци Арчи и Лилибет, па јавно ја молеше ќерка си да му дозволи да ги види.

„Децата имаат две семејства што ги сакаат. Нивната прабаба е кралицата на Англија, но мислам дека е важно да знаат дека имаат уште едно семејство. На крајот, тие ќе пораснат и ќе сакаат да знам повеќе за нив. Меган мора да ми дозволи да си ги видам внуците“, вели тој во емисијата.

Томас рече и дека Меган сака да престане да зборува со нејзината полусестра и полубрат, и дека за сето тоа е виновен нејзиниот маж.

„Никогаш порано не била таква. Но, кога се омажи за Хари, таа се промени“, додал тој.

За потсетување, Томас се разведе од мајката на Меган, Дорија Рагланд, пред повеќе од 30 години. Тој не присуствуваше на венчавката на својата ќерка откако беше откриено дека се согласил да им даде фотографии од папараците и јавно откриваше тајни од животот на својата ќерка. Томас подоцна изјави дека причината зошто се согласил да продаде слики од свадбата била операција на срцето за која што немал пари. Меган го прекина контактот со него кратко време по венчавката.

Share
Scroll to Top