Солистите на НОБ ќе одржат концерт по повод Светскиот ден на операта

Солистите на НОБ ќе одржат концерт по повод Светскиот ден на операта

пред 3 години

По повод Светскиот ден на операта, на 25 октомври во 20 часот концерт ќе одржат солистите на Националната опера и балет. На концертот во НОБ ќе настапат Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас), а гостинка е Сандра Митровска (сопран).

На програмата се арии и дуети од оперите на Чајковски, Верди, Џордано, Дворжак и на Маскањи.

Билетите во ограничен број се пуштени во продажба. Настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од Ковид-19, а влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против или за прележан ковид во последните 45 дена. Задолжително е и носење заштитна маска.

Share
Scroll to Top