Тимот на Дуа Липа ќе ја избере британската песната за Евросонг откако годинава беа последни

Тимот на Дуа Липа ќе ја избере британската песната за Евросонг откако годинава беа последни

пред 3 години

Тимот што стои зад Дуа Липа и Лана Дел Реј ќе ја избере песната со која Велика Британија ќе се натпреварува на Евровизија во Италија догодина, оти оваа година завршија на последното место. „Тап менаџмент“ се грижи и за кариерите на Ели Гоулдинг и Хејли Штајнфелд, па ќе го преземе изборот на песна и кандидта, пренесе „Би-би-си“.

На годинашниот Евросонг во Холадија, Џејмс Њуман не освои ниту еден поен со неговата песна „Емберс“, со што Британија го продолжи лошиот пласман на натпреварот. Ниту еден учесник од Британија не се најде на топ 10 листата од 2009 година наваму, од настапот на Џејд Ивен.

“Тап менаџмент“ постои од 2009 година, кога тогашниот адвокат Бен Мусон ја запозна Лана Дел Реј и ѝ помогна да избега од неповолните договори што ги потпишала на почетокот на нејзината кариера. Сфаќајќи го нејзиниот потенцијал, тој се здружи со Ед Милет, искусен музички менаџер, и заедно ѝ помогнаа на Дел Реј да се позиционира како една од најдобрите музичарки на нејзината генерација.

Нивната компанија оттогаш се прошири во Лондон, Берлин, Сиднеј и Лос Анџелес, а истовремено формираа и своја издавачка куќа.

„Навистина сме возбудени што ќе се здружиме со ‘Би-би-си за овој настан и ќе ја искористиме Евровизија за автентично да ги одразиме и славиме богатите, разновидни и светски таленти по кои Велика Британија е глобално позната“, рече Мосон и додаде дека процесот на избор на изведувач и песна не е едноставен.

„Мислам дека Евровизија не е толку политичка како што мислат луѓето“. Треба да се фокусираме да добиеме навистина посебна музика и навистина посебен уметник што ја претставува Британија на најдобар можен начин. Сè уште не знаеме дали тое ќе бидат нов уметник или познат артист, но сакаме да се осигураме дека ова ќе биде навистина позитивно искуство“, додаде тој.

И покрај лошиот пласман последниве години, Евровизија во Британија и понатаму предизвикува интерес кај гледачите.

За потсетување, на годинашниот Евросонг победи италијанскиот рок-бенд „Манескин“, чија песна Zitti E Buoni стана топ 20 хит во Велика Британија. Следната Евровизија ќе се одрѓи во Торино, Италија, во арената Пала Олимпико, на 10, 12 и 14 мај. На изборот ќе учествува 41 земја, две повеќе од лани, откако Црна Гора и Ерменија најавија дека ќе се вратат догодина.