Генералниот секретар на Амнести интернешнл, Агнес Каламард, ги повика Соединетите Американски Држави да се откажат од обвиненијата против основачот на Викиликс Џулијан Асанж и британските власти веднаш да го ослободат.
Агнес Каламард го упати повикот пред сослушувањето во Лондон во среда, на кое ќе се поднесе жалба на одлуката на британскиот суд да не го екстрадира Асанж во САД, каде што се соочува со обвиненија за објавување тајни воени досиеја како дел од аферата Викиликс.
Високиот суд треба да ја разгледа жалбата против одлуката за неекстрадиција во јануари. Одлуката е донесена поради, како што се наведува, загриженоста дека 50-годишниот Асанж би можел да се самоубие во затвор во САД.
Амнести интернешенел ја цитираше истрагата на „Јаху Њуз“ која откри дека американските безбедносни служби ја разгледувале можноста за киднапирање или убиство на Асанж додека живеел во амбасадата на Еквадор во Лондон.
„Овие извештаи дополнително ги доведоа во прашање ветувањата дадени од Соединетите држави и дополнително ја разоткрија политичката мотивација зад овој случај“, рече Каламард.
Асанж е обвинет за кражба и објавување доверливи информации за американските воени операции во Ирак и Авганистан.