(Видео) Студентка ја прескокна оградата кај мечките во Скопската зоолошка, ги малтретира додека мајка ѝ ја снима

(Видео) Студентка ја прескокна оградата кај мечките во Скопската зоолошка, ги малтретира додека мајка ѝ ја снима

пред 3 години

Студентка од факултетот за безбедност ја прескокнува оградата кај мечките и ги вознемирува животните во Скопската зоолошка, а видеото го објави на Тик-ток. Директорот на Скопје ЗОО, Ѓорѓи Галетановски за „Репортер“ вели дека нејзиното однесување е недозволиво, а случајот го пријавиле во полиција.

„Кога јас дојдов во зоолошката ги кренавме оградите на живеалиштата, но ни тоа некогаш не е доволно. Девојката била со мајка ѝ која ја снима. Скопската зоолошка не сноси никаква одговорност ако некој посетител самоволно прескокне ограда или ги малтретира животните“, ни рече Галетановски.

Девојката, за која од зоолошката велат дека е извесна Мила, студент по криминологија на факултетот за безбедност, претходно сама го споделила видеото на Тик-Ток.

„Доаѓа во Зоо Скопје да се изживува врз животните и си го ризикува животот. Таа ќе добие соодветна пријава бидејќи ваквото однесување е недозволиво“, велат од зоолошката и бараат јавно извинување.

Share
Scroll to Top