(Видео) Шилегов: Се виде какви се во душа кога викаа ‘Скопје е вмровски град’

пред 3 години

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, попладнево се обрати пред граѓаните на Карпош, велејќи дека по првиот круг изборот сега е многу јасен.

„Имаме едноставен избор, дали сакаме градот да го движиме напред да постане модерна европска престолнина или да го вратиме назад во лагите, во стиропорот, во митовите и бронзата лажна која што ни ја сервираа“, посочи Шилегов, додавајќи дека џабе ВМРО-ДПМНЕ се крие зад т.н. независни кандидати.

„Не поминаа неколку дена од првиот изборен круг и ги видовме какви се они всушност, какви се они во својата душа, и велат Скопје бил вмровски град – не, Скопје не е вмровски град, Скопје не е сдсмовски град, Скопје не е на ниту една политичка партија, Скопје е на вас граѓаните“, порача Шилегов.

Тој пред карпошани истакна дека во изминативе четири години сите скопјани силно и храбро го придвижиле градот напред, преземајќи смели чекори.

„Денеска се распиша тендерот, после 40 години конечно распишан е тендерот за БРТ, државен проект потпомогнат од владата, она што 40 години нашите претходници, она што 27 години ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи, за 2 и пол години го доведовме до реализација, со тие два коридора, со БРТ во средина Скопје ќе стане град со најголема пешачка зона во Европа“, најави Шилегов.

На крајот тој ги повика граѓаните на 31 октомври да излезат и да гласаат за заедничко Скопје кое што ќе биде модерно, европско и како што рече, посветено на сите граѓани.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top