На Табановце запрени три возила што вршеле меѓународен превоз без соодветна документација

пред 2 години

Од страна на полициски службеници од полициската станица за граничниот премин Табановце, денеска била извршена дополнителна контрола на три возила со кои се вршел превоз на патници.

„Кај патничко возило ‘пежо боксер’, со швајцарски национални ознаки, управувано од Т.Г.(22) од Ново Село, патничко возило ‘пежо боксер’, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(43) од Струмица и патничко возило ‘ситроен џампер’, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Штип, било констатирано дека пријавените вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација“, информираат од МВР.

Од страна на полициските службеници бил известен надлежен инспектор од Одделението за инспекциски надзор над патниот сообраќај при Државниот инспекторат за транспорт и врски, за расчистување и санкционирање на случаите.

Share
Scroll to Top