Бред Пит не успеа во барањето за ревизија на случајот старателство

пред 4 години

Врховниот суд на Калифорнија ја отфрли жалбата на Бред Пит во врска со случајот старателство над децата од бракот со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Адвокатскиот тим на Пит минатиот месец побара од судот уште еднаш да го разгледа случајот по изземањето на судијата Џон Одеркирк, објави „Пипл“, повикувајќи се на судски документи.

Со отстранувањето на Одеркирк од случајот, беше поништена пресудата што му даваше повеќе време со неговите пет малолетни деца – Пакс (17), Захара (16), Шајло (15 ), и близнааците Вивиен и Нокс (13), враќајќи се назад на правен договор претходно воспоставен во ноември 2018 година.

Судот пресуди: „Барањето е одбиено“, потврдувајќи ја дисквалификацијата од апелациониот суд во случајот, пренесува „Пипл“.

Share
Scroll to Top