Вечерва, во МКЦ, во Скопје, ќе се одржи музичкиот фестивал Skopje Sounds Good, а утревечер (30 октомври) Skopje Calling, двата во организација на „Авалон продукција“.
„Нè чека супер музички викенд. Влезниците се речиси распродадени“, велат организаторите.
На Skopje Sounds Good вечерва концерти ќе одржат Buč Kesidi, Nipplepeople и Funk Shui. Skopje Calling е замислен како македонски фестивал на кој оваа година ќе настапат само домашни диџеи: Galoski, Cyrillic, Chris J и Jana Slayy.
„Со ова не само што ќе имаме можност за добра забава туку им се дава шанса и на македонските артисти да настапуваат за овој фестивалски бренд“, велат од „Авалон“ и додаваат дека двата фестивала ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување јавни настани.