Мадеира е прогласен за најбезбеден остров за одмор летово, на листата се Крф и Корчула

Мадеира е прогласен за најбезбеден остров за одмор летово, на листата се Крф и Корчула

пред 3 години

 

Грчки и португалски острови доминираат на листата како најдобри европски дестинации за одмор ова лето. Се вели дека тука може да има и безбедност и забава.

Европа веќе почна да се подготвува за летната туристичка сезона, како што се засилува имунизацијата против ковид-19. ЕУ пак го одобри дигиталниот сертификат за вакцинираност, кој треба да ги олесни патувањата.

Изборот на островите на листата е направен врз основа на повеќе критериуми, како малиот број на случаи на коронавирус, постоечките мерки и признавањето на сертификатот за вакцинираност.

Португалскиот остров Мадеира е на врвот на листата. Тука сите вработени во туристичкиот сектор беа вакцинирани уште пред крајот на мај. Прогласен за најбезбеден остров во Европа, Мадеира остана во зелената зона за цело време на пандемијата, со крајно висока стапка на вакцинираност и со развојот на иновативни здравствени протоколи.

На второто место се најде уште еден португалски остров, Порто Санто, кој е дел од архипелагот Мадеира.

Грција има илјадници острови, но за најбезбеден од нив е прогласен Антипаксос, оддалечен само неколку минути со брод од Крф. Тој е познат по своите плажи и егзотични тиркизни води и има само 20 постојани жители. Потоа е Корво, дел од Азорските Острови во Португалија, каде што сите 430 жители веќе биле вакцинирани. На листата се Крит , Малта, Крф, Корчула и Кипар.

Share
Scroll to Top