Една од најголемите пресметки во Шпанија, дербито Реал Сосиедад-Атлетик Билабо заврши без победник 1:1. Гостите освоија бод во 91.минута по катастрофалната реакција на голманот Ремиро. Сосиедад остана лидер на табелата со 25 бода и натпревар повеќе од конкурентите.
Тврдо и без многу фудбалска убавина, така најдобро може да се оцени дуелот на двата најголеми клуба од Баскија.
До 91.минута во „главна“ улога беше екс играчот на Сосиедад, Ињиго Мартинез. Тој најпрвин направи прекршок за пенал, од кој Исак во 58.минута му донесе водство на Сосиедад. Во 84.минута, Мартнез го доби вториот жолт картон и го напушти теренот.
Сосиедад по постигнатиот гол со сите сили се обидуваше да ја сочува предноста. Како се бране сведочи и податокот дека во периодо од 71. до 78.минута добија три жолти картони.
Билбао и со играч помалку не престана со нападите. Играчот на натпреварот Икер Муниаин, во 91.минута избори прекршок. Тој го изведе слободниот удар од 26 метри. Силно ја удри топката, а Ремиро во обид да ја боксува ја насочи во голот.