Vax (вакс) е избран за збор на 2021 година од страна на лексикографите на Оксфордскиот речник на англиски јазик (OED).
„Вакс“ вклучува сè што е поврзано со вакцината против коронавирусот.
Употребата на зборови што се однесуваат на вакцина нагло порасна во 2021 година поради пандемијата , при што зборовите double-vaxxed (двојно-вакциниран), unvaxxed (невакциниран) и anti-vaxxer (антиваксер), сите забележаа пораст во употребата.
Фиона Мекферсон, виш уредник на OED, вели дека vax бил очигледен избор бидејќи оставил највпечатливо влијание.
„Овој збор опфаќа и период од осумдесеттите години на минатиот век, но ретко се користеше до оваа година“, вели таа.
„Кога на тоа ќе се додаде неговото влијание во создавањето други зборови – vaxxie (вакси), vax-a-thon (ваксатон), vaxinista (ваксниста) – стана јасно дека зборот vax највеќе се истакна.“
Vax и vaxx се прифатени правописи, но формата со еден x е почеста.