(Видео) Сораја тврди си отишла од скопската кафеаната оти ја навредиле, газдите велат, лаже не сакаше да плати

(Видео) Сораја тврди си отишла од скопската кафеаната оти ја навредиле, газдите велат, лаже не сакаше да плати

пред 2 години

Деновиве српската старлета Сораја се најде во центарот на вниманието, откако беше исфрлена од скопска кафеана заедно со нејзиниот дечко. По ова, таа се огласи со поинаква верзија од приказната, пишуваат српските медиуми.

„Бев во друштво на пријатели од Србија, а не со моето момче. Сопственикот на објектот ни пријде да нè услужи, но кога сфати од каде сме, изговори нешто многу непријатно, дека Србите не се добредојдени во неговиот локал каде сите се Албанци“, раскажа таа.

Таа додаде дека откако го слушнала тоа, мирно го напуштила местото.

„Не сакам да седам онаму каде што моето друштво не е добредојдено, а најмалку сакам националистички испади. Постојано патувам по светот и никогаш не сум слушнала, ниту пак доживеала вакво нешто. Веднаш побаравме сметка и најнормално заминавме. Така всушност и настана спорното видео кое се врти по социјалните мрежи, а останатото е бујна фантазија“, завршува таа.

Сепак, на Твитер се појави видео од инцидентот, каде ја исфлаат од ресторанот.

По ова за се огласија сопственикот на кафеаната Илија и членовите на обезбедувањето Адо и Будо, кои изјавија дека не е точно дека се националисти и дека немаат ништо против Србите. Тие сметаат дека на овој начин таа се обидува да се оправда за инцидентот.

„Не е точно дека сме против браќата и сестрите од Србија. Напротив! Имаше многу Срби таа вечер. Негуваме соработка и ни е мило кога ни доаѓаат гости од цела Србија. Тоа што го изјави старлетата е чиста небулоза. Јасна е нејзината цел да ни ја префрли топката, како што прават жените од тој тип. Најучтиво ги замоливме да ја напуштат кафеаната поради недолично однесување. Немаме несакани гости, но мора да се знаат некои кодекси на однесување. На крајот на краиштата, на видеото се гледа дека келнерот им пришол хумано и ги замолил да го напуштат нашето кафуле“, рекол Илија.

„Такво некултурно однесување на една жена не сме виделе досега, а сме имале разни случаи. Таа се расфрла со некакво богатство на социјалните мрежи, а потоа нема да ја плати сметката во кафуле. Се фали дека е позната, а нејзиното однесување е никакво. Да не е реномиран овој објект, каде што работам како чувар, таа не би ни дошла. Нашите гости се угледни луѓе од сите сфери на човечкото општество, никој досега не доживеал непријатност ако знае како да се однесува. Таа жена е испратена, да не речам исфрлена од кафулето и тоа е единствената вистина“, додаваат тие.

Сораја ја исфрлиле од скопска кафана, глумела ѕвезда и не сакала да ја плати сметката

 

Share
Scroll to Top