Планираното лансирање на капсулата Crew Dragon со четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица е одложено поради мал здравствен проблеми, соопштија од NASA.
Капсулата Crew Dragon на SpaceX требаше да биде лансирана во среда, но лансирањето е одложено до сабота. Причина е помал здравствен проблем на еден од астронаутите.
Од НАСА потврдија дека проблемот не е поврзан со коронавирусот и дека не станува збор за итна ситуација, но не открија повеќе детали.
Исто така не е познато ни за кој член на екипажот станува збор. Астронаутите веќе беа во карантин, што е вообичаена процедура две недели пред лансирањето.
„Тимовите ќе продолжат да го следат здравјето на екипажот и ќе ги проценуваат можните прилики за лансирање. Првата прилика е во сабота, 6 ноември“, стои во соопштението на НАСА.
За разлика од руската вселенска агенција Роскосмос, NASA не бира и не обучува резервен екипаж, така што сите четворица астронаути на Crew Dragon мора да бидат целосно здрави и подготвени пред летот.
Извор: Klix.ba