Рускиот авион Ан-12 исчезна од радарот, изјави портпаролот на Министерството за вонредни ситуации на земјата.
Како што пренесува „Спутник“, во моментот на исчезнувањето во авионот имало осум лица.
Портпаролот на тоа министерство соопшти дека авионот е лоциран.
„Припадниците на противпожарната бригада и спасувачките екипи се на лице место. Авионот се запалил“, изјави портпаролот.
Според неофицијални информации, се претпоставува дека авионот е во сопственост на белоруска компанија.
Се шпекулира дека загинале најмалку две лица, а не се знае судбината на останатите шест лица.