(Видео) Николоски: Заев не дојде на судење со мене, избега пак

пред 3 години

Јас сум апсолутно убеден дека Зоран Заев не може да го добие овој спор против мене во тужбата за клевета. Всушност, најдобар доказ за тоа е што повторно не се појави на рочиштето. Да ја потсетам јавноста дека тој ме тужи мене, а не го тужам јас него, изјави за медиумите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Ова се работи кои се добро познати на македонската јавност, за коишто всушност суд даде и народот на изборите кои се одржаа во неделата на 31 октомври, така што самото негово непојавување во судот доволно говори за тоа на чија страна е вистината. А, вистината е јасна и едноставна, тоа е дека во Македонија имаше рекет, дека предмет на рекет беа повеќе од еден бизнисмен, дека беа изрекетирани многу средства, дека имаше јасна пирамида и јасно е кој беше на врвот на таа пирамида“, посочи Николоски кој очекува судот да донесе пресуда во негова корист.

„Се надевам дека неискуството нема да влијае на одлуката во овој предмет, имајќи предвид дека се промени судија. Досега се водеше коректно се надевам дека и така ќе остане“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top