Се изнајмува стан уреден во стилот на Кери Бредшо

Се изнајмува стан уреден во стилот на Кери Бредшо

пред 3 години

Фановите на хит серијата „Сексот и градот“, наскоро ќе имаат можност да изнајмат стан во стилот на Кери Бредшо, главната ѕвезда во серијата.

Актерката Сара Џесика Паркер потпиша договор со платформата за сместување „Ер-Би- Ен-Би“ и „Ворнер брос“, како дел од претстојното продолжение на серијата,  „And Just Like That“, чија премиера е закажана за декември оваа година. Така што обожавателите ќе имаат можност да ноќеваат во апартман во населобата Апер Ист Сајд во Њујорк. Резервацијата за едновечерен престој ќе може да се направи од понеделник, 8 ноември од 12 часот на интернет-страницата.

Но бројот на гости е ограничен, односно само четворица ќе можат да јадат, спијат и да се забавуваат во култниот апартман за 23 долари – симболична цена во знак на 23 години од премиерата на оригиналната серија и тоа на 12 и 13 ноември (по двајца од вечер). А Сара Џесика Паркер виртуелно ќе ги поздрави посетителите, како нивен домаќин.

„Се чувствувам како да се вратив 23 години наназад“, изјавила Паркер кога го видела апартманот.

Своите впечатоци ги сподели и на социјалните мрежи:

„Прекрасно е да се биде на така познато место и ние мислиме дека ќе се вљубите во она што ќе го најдете тука, а потсетува на Кери. Видете што има во палакарот, пробајте малку да пишувајте и задолжително напијте се „Космо“.

Во станот има бројни мотиви од серијата, а меѓу нив се лаптопот и стариот телефон на хероината, како и ланчето „Кери“. Покрај тоа, гостите ќе имаат можност да ја носат нејзината облека, како и здолништето од воведната најава.

„Ликот на Кери Бредшо ми е многу драг и мило ми е што имам можност повторно да бидам дел од нејзиниот свет. Возбудена сум што нашата публика ќе го доживее Њујорк на Кери како никогаш досега и ќе види како е буквално да се биде во нејзините чевли“, вели Сара.

„Има повеќе од 20 години како Кери Бредшо влезе во нашите живот и сега, за првпат, ние направивме реплика на нејзиниот апартман од серијата на „Airbnb“. Сара Џесика Паркер ќе биде домаќин, а гостите ќе имаат можност да го видат нејзиниот легендарен плакар (полн со креации), да пробаат некои од нејзините обувки и да наздрават со „Космополитен“ додека се поздравуваат со неа“, велат од компанијата.

 

 

 

Share
Scroll to Top