Заев ја одложи оставката од претседателското место во СДСМ

пред 3 години

Вечерва заседеваше Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, а лидерот на партијата Зоран Заев не поднесе оставка од претседателското место во партијата.

„Се разгледуваа актуелните случувања во државата и во партијата. Се отвори демократска дискусија и имајќи ги предвид актуелните случувања во државата, Централниот одбор едногласно донесе одлука претседателот и премиер да ја одложи оставката, додека состојбите во државата не се донесат под контрола“, изјави Перо Костадинов, претседател на ЦО на СДСМ.

На почетокот на заседевањето на највисоките тела на СДСМ, Заев со громогласен аплауз беше пречекан во партијата.

Вечерва највисоките тела во партијата разговарале за најновите случувања во државата, по локалните избори, енергетската криза и гласањето доверба на Владата.

Share
Scroll to Top