76 санкционирани возачи во Скопје

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.11.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 76 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14, седум санкции за возење повеќе од дозволената брзина, пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за нерегистрирани возила.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top