Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, за момент беше прекината од нејзината ќерка Нева, додека зборуваше во живо на фејсбук од нејзиниот дом за состојбата со коронавирусот. Додека таа зборуваше Нева стана од креветот и ја викна да дојде кај неа.
„Треба да бидеш во кревет. Време е за спиење мила, врати се во кревет и за момент ќе дојдам кај тебе“, ѝ одговори Џасинда.
Премиерката им се извини на сите кои и продолжи со разговорот.
„Извинете на сите. Ова заминување во кревет на спиење не беше многу успешно, нели? рече таа низ смеа и додаде дека нејзината мајка била во куќата вечерта и дека таа повторно ја однела Нева во кревет.