Хоџа: И покрај се Беса ја продолжува војната

пред 3 години

Арјанит Хоџа од Беса на својот Фејсбук објави дека пратеникот Кастриот Реџепи, ќе одговара за своите постапки, откако денеска не се појави во Собрание за да гласа за недоверба на Владата. Според Хоџа, врвот на опасноста од демократијата се достигнува кога преку недемократски форми дури и слободното изразување на волјата е невозможно за пратениците.

„ Закани, уцени или други форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај сѐ, Движењето Беса ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме УГНЕТУВАЊЕТО! Секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето БЕСА продолжува со политичкото патување. Соработката со опозициската АА-ААА ќе продолжи до последното соборување на овој режим“, пишува Хоџа.

Share
Scroll to Top