Фатен крадец кој ограбил пет куќи во Охрид

пред 3 години

Полицијата во Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(36) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“, три „тешки кражби“ и една „тешка кражба во обид“.

Тој, кривичните дела ги извршил во периодот јули-септември 2020 година во куќи во Охрид, каде влегувал користејќи подесен алат.

Притоа одземал пари, накит и други вредни предмети, велат од МВР.

Share
Scroll to Top