(Видео) Ковачевски: Во првите 100 дена поставивме темели за чесно и одговорно владеење

пред 2 години

Владата денеска одржа тематска седница посветена на, како што велат, остварувањата и достигнувањата во првите 100 дена од работењето.

Премиерот Димитар Ковачевски кој претседаваше со седницата соопшти дека со оваа седница, нагласи дека во првите 100 дена се формирал новиот тим за спроведување на најсоодветните предизвици.

За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење. Тоа се одликите што ги побарав од сите министри што прифатија да бидат дел од тимот кој заеднички се стреми да им служи на интересите на сите граѓани, без исклучок“, потенцираше Ковачевски.

Тој дополни дека во Програмата на оваа Влада се вклучени нови, автентични програмски цели кои биле неопходни и произлегуваат од новите предизвици.

„Клучен, прв приоритет е справување со енергетската криза во државата, којашто е пред сѐ европска енергетска криза и која се чувствува и кај нас, а која доби дополнителни загрижувачки димензии со војната во Украина. Самата воена агресија пак, нѐ исправи пред историски предизвик, како земја членка на НАТО, заедно со нашите сојузници, бескомпромисно да одговориме на овој антицивилизациски чин како што е бруталното кршење на меѓународното право и на сите конвенции за мир и безбедност“, нагласи претседателот на Владата.

Ковачевски посочи дека меѓу приоритетите на Владата биле и исполнувањето на целите во однос на големите инфраструктурни проекти, како и евро-интеграциите како стратешка цел.

Share
Scroll to Top