Христијан Мицкоски вечерва се оперираше, му било отстрането масно ткиво на вратот

Христијан Мицкоски вечерва се оперираше, му било отстрането масно ткиво на вратот

пред 3 години

Вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, бил хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија, каде што му отстраниле масно ткиво на вратот, односно атером во времетраење на еден час, пренесе а1он.

Директорот Неџат Јакупи не одговорил на повиците дали ситуацијата била итна, дали тој имал приоритетен упат и од кои причини толкав број доктори биле присутни на хируршката интервенција.

 

Тој претходно објави две фотографии на Фејсбук, додека лежи на болнички кревет со фластер на вратот.

„Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката. После 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично. Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите. Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија!“, напиша тој.

Share
Scroll to Top